Кабината се затресе, се слушна звукот на работењето на моторите, а внатре во телото знаеш дека се движиш.
Низ сите кабини, ходници одекна гласат на капетанот на бродот: „Ова е нова ера, ера на луѓето„ ова беа зборовите на капетанот кои нема никогаш да ги заборавам, после неколку секунди неговиот глас повторно одекна одекна, но овој пат со зборовите „Со полна пареа„. Тој чуден звук кој го даваа моторите повторно се слушна но овој пат имаше различна боја. Тогаш знаев дека излеговме од пристаништето и запловивме кон нашата дестинација.
Како пријател на главниот инжињер отидов да го посетам, неговата соба беше на другиот крај на брогот една палуба погоре, по патот го сретнав целиот екипаж, кој од што е возбуден не знаеше каде оди, како растрчани деца на екскурзија, како пчели кои брмчаат наокулу се движе наокулу збунети и незнаеја кој пат да го фанат. Но ни јас не бев поарен од нив, толку бев збунет што барав скали за да се качам една палуба погоре, на крајот се досетив и дотрчав до лифтот. Кога стигнав пред неговата кабина с ија наместив кошулата, косата и влегов. Внатре тој како и секогаш нешто тапкаше на компјутерот, ми рече да почекам две минути. Јас веднаш застанав до прозорецот, и се восхитував на убавината на овој свет, на ѕвездите, на се.
Кога го прашав кога ќе стигниме тој ми одговори наскоро.
Поминаа два дена и капетановиот глас пак се слушна насекаде низ бродот, иако кажаното беше кратко останатите сакаа да го слушнат. Зборот „стигнавме„
Што тој го кажа повторно го возбуди екипажот. Јас истрчав до мојот пријател да гозамолам да дојдам со нив, тој ми дозволи и јас се вратив во мојата кабина да се спремам.
Причината поради која сакав да да се симнам е свежиот воздух кој ми годеше, бидејќи по една година помината во вселената дишејќи вештачки воздух ми требаше свежост, а другата причина е желбата со која сакав да ја посетам планетата со 112 месечин, планетата Алора. Се спуштивме на планетата со мини шатл, ние го поставивме логорот а научниот тим ги правеше експериментите поради кои дојдовме овде. Кога дојде ноќта, сите наседнати околу оганот раскажувавме приказни за духови, искрено јас повторно се почуствував како извидник кога погледнав нагоре кон небото почнав да ги бројам месечините, избројав 37, а останатите се гледаат само од другата страна на планетата.
Кога дојде утрото се спакувавме и се вративме на бродот, вака заврши мојата пва посета ма мекој друга планета.......